Јавна здравствена установа

Според одредени показатели Здравствениот дом на железничарите започнал да работи во далечната 1923 година,во зграда во близина на некогашното кино Карпош во населбата Дебар Маало во Скопје.

По ослободувањето работел во две згради во централниот дел на Скопје,од кои едната била кај Стара рампа,а другата во близина на денешниот трговски центар Рамстор.Во првите години од формирањето,во Домот имало вкупно седум вработени.

Во земјотресот во 1963 година згрдата кај Стара рамопа била срушена,по што Домот продолжил со работа само во зградата кај денешен Рамстор.Во 1982 година Здравствениот дом на железничарите ,просторно бил проширен со вселување во соседните простории на  адаптираната зграда на Царинарницата.Во овие простории работи се до 2003 година. Во тој период Домот имал преку 30.000 регистрирани здравствени картони на пациенти железничари,нивните семејства,пензионирани железничарски работници и надворешни граѓани кои се лекувале во оваа реномирана здравствена институција.Тогаш пациентите во Домот ги опслужувале 163 вработени,пружајќи широк спектар на здравствени услуги:здравствена превентива,амбулантско-поликлиничка,диспанзерска здравствена заштита со домашна посета,специјалистичко-консултативна здравствена заштита,медицинска рехабилитација ,стоматолошка здравствена заштита,лабораториски услиги,санитарни и хигиено-епидемиолошки услуги,медицина на труд и друго.Широката мрежа на здравствени сектори ја сочинувале покрај основниот

пунк-зграда во Центарот на Скопје и здравствени објекти или пунктови во:Диспанзер во погонот Влеча на возови,Работна организација во склоп на зградата на ПТТ Скопје (денешен Управен суд)  за вработените во тоа претпријатие,здравствени пунктови на железничките станици Скојпе, Велес Битола, Гостивар и Гевгелија,здравствен пункт во Средното железничарско училиште Владо Тасевски Скопје.

Со одлука на Владатана Р. Македонија бр.19-378/1 од 07.02.2005 година Здравствениот дом Железничар  излага од рамките на Македонски железници и станува дел од Јавните здравствени установи под ингеренции на Министерството за здравство како самостојна институција со назив Јавна здравствена установа Здравствен дом Железничар Скопје.

Во 2003 година за потребите на изградбата на трговскиот центар Рамстор е срушена зградат во која беа просториите на Здравствениот дом .Во 2004 година се вселува во просториите каде и денес се наоѓа во административната зграда на СВР Скопје, во Градски ѕид бб блок 4 зграда 1.